Министерката за образование и наука Весна Јаневска тврди дека не се кријат бодовите и резултатите за прием во студентските домови.
Вели ранг листите се објавени со објансување зошто некои кандидати не се примени.
Жалосно е што во јавноста се шират дезинформации. Ранг-листите се објавени, како за примените, така и за непримените, со објаснување зошто не се примени, изјави денес Јаневска, отфрлајќи ги обвинувањата од „Левица“.
Според Јаневска, меѓу одбиените има студенти кои студираат седма или осма година и студенти чии родители имаат високи приходи.

