За време на гостувањето во емисијата Watch What Happens Live – која ја води Енди Коен, а се емитува на американската кабелска мрежа „Браво“ (дел од NBCUniversal) – американската актерка Џенифер Лоренс откри кој од нејзините колеги најдобро бакнува пред камера, зборуваше за имплантите во градите и призна дека повеќе не знае каде се наоѓаат лакот и стрелите што ги зела од сетот на филмот Игри на гладта (The Hunger Games).
Лоренс се појави во емисијата заедно со нејзиниот колега Џош Хачерсон, со кого глуми во Игри на гладта, а водителот побара од неа да ги рангира бакнежите пред камера што ги разменила со разни колеги. Актерката го стави Хачерсон – кого го бакна во Игри на гладта – на самиот врв на листата.
„Џош Хачерсон беше најдобар, а по него следуваат Лијам Хемсворт, Бредли Купер и Тимоти Шаламе, додека Крис Прат е на последното место“, изјави Лоренс.

За време на разговорот за имплантите во градите, Лоренс се осврна на приказна од реалното шоу The Real Housewives of New York City, во која Хејли Гласман раскажа за инцидент во кој една жена ѝ го скршила носот на друга личност со своите гради.
Кога водителот праша како е можно такво нешто, актерката одговори: „Не – а и јас имам импланти!“
Таа откри дека нејзините импланти се нови и ја пофали работата на д-р Стивен Тајтелбаум од Санта Моника. На прашањето за големината, таа одговори: „Мислам дека е полна корпа Ц“, додавајќи дека големината останала иста.
Зборувајќи за филмот Игри на гладта, Лоренс се присети на еден реквизит што го зела од сетот како спомен. На прашањето дали ги задржала лакот и стрелите, таа потврди дека ги зела, но напомена дека повеќе не знае каде се наоѓаат.
„Мислам дека ги изгубив, или, претпоставувам, ми ги украдоа. Каде би можела да ги изгубам? Дури сега ми текнува дека некој сигурно ги зел“, рече Лоренс. Лоренс се стекна со светска слава со улогата на Кетнис Евердин во филмскиот серијал „Игри на гладта“.

