Откако денес на граничниот премин Блаце сам се појави поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами и им се предаде на надлежните органи по повеќе од една година бегство, со појаснување се јави Државното јавно обвинителство.
Оттаму посочуваат дека за Бајрами има веќе определено мерка притвор која е активна и дека дополнително во ОЈО Скопје во тек се уште четири постапки против него за истото кривично дело во кои се прибираат докази и се вршат вештачења.
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје против обвинетиот се води судска постапка.
За него, по предлог на јавен обвинител, веќе е определена мерка притвор која е активна. Судската постапка во која тој е обвинет за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик е во тек. Дополнително, во ОЈО Скопје во тек се уште четири постапки против него за истото кривично дело во кои се прибираат докази и се вршат вештачења, велат од Јавното обвинителство.

