Четиринаесет најдобри дипломирани инженери се закитија со признанието „Инженерски прстен“ што денеска им го врачи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на церемонија пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид.
Од нашата способност, подготвеност и решеност да ги идентификуваме и навреме и соодветно да ги вреднуваме и да им овозможиме својот професионален потенцијал да го реализираат дома, се детерминирани нашата технолошка конкурентност и компетитивност, како и економскиот капацитет и развој, на државата, истакна Сиљановска-Давкова.

Според неа, од нашата решеност и способност да ги задржиме најдобрите, зависи македонската иднина.
„Инженерски прстен“ се доделува по 23. пат, а со ова признание се закитиле вкупно 257 инженери.

