дома Без филтер Во Русија објавен учебник во кој се ги охрабрува учениците да војуваат...

Во Русија објавен учебник во кој се ги охрабрува учениците да војуваат портив Украина

12

  Во Русија издаден е нов учебник во кој се искривува историјата на војната во Украина и ги охрабрува учениците да се приклучат на армијата.

Учебникот е дизајниран за новиот предмет „Основи на домашната безбедност и одбрана“, кој е задолжителен за сите средношколци на возраст од 15 до 18 години во Русија и окупираните територии на Украина.

Учениците ќе го посетуваат овој курс еднаш неделно, а беше воведен како замена за „Основи на безбеден живот“. Најверојатно ќе го предаваат поранешни војници. Првиот учебник за новиот предмет насловен „Руската армија во одбрана на татковината“ го објави руската издавачка куќа „Просветителство“.

Во учебникот на 368 страници опишани се „херојските достигнувања на руските војници“ од 13 век до денес. Во делот кој ја опишува актуелната инвазија врз Украина, презентирани се многу невистинити информации кои служат како оправдување за војната.

– Кога имаше државен удар во Киев во 2014 година, новата влада започна акција против сè што е руско. Палеа руски книги, уништуваа споменици, забрануваа руски песни и руски јазик. Во рестораните се служеа коктели со „руска крв … Градовите во регионите Луганск и Доњецк, каде што имаше противење на таквата политика, беа бомбардирани со нацистички гранати и ракети, се наведува во учебникот.

Исто така се посочува дека украинскиот пристаништен град Мариупол, кој речиси три месеци беше бомбардиран од руските сили, бил уништен за време на борбите со „нацистите“ и „странските платеници“.

Во учебникот „Руската армија во одбрана на татковината“ се наведени потребните документи и линкови до формуларот за пријавување во армија, како и блиските адреси на канцелариите за регрутирање. Нагласени се и воените поволности како бесплатна медицинска нега и осигурување, атрактивна плата и три оброци дневно.

ПредходнаПретставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон со кој може да се забрани ТикТок
СледнаКорепер го усогласи ставот за новите правила на ЕУ за суспензија на безвизниот режим со трети земји