дома Спорт Медиуми: Ливерпул и Феенорд се договорија, Слот нов тренер на премиерлигашот

Медиуми: Ливерпул и Феенорд се договорија, Слот нов тренер на премиерлигашот

4

 Тренерот на холандски Феенорд, Арне Слот, ќе го предводи Ливерпул од следната сезона, пренесуваат англиските медиуми, наведувајќи оти е постигнат договор меѓу двете клупски раководства.

Слот на клупата на Ливерпул ќе го наследи Јирген Клоп, кој во јануари објави дека заминува од премиерлигашот на крајот на актуелната сезона.

Феенорд се согласил на отштета од 9,4 милиони фунти, а пред потпишувањето на договорот останува да се договорат деталите од соработката меѓу Слот и Ливерпул, објави Би-Би-Си.

Слот минатата сезона со Феенорд го освои холандскиот шампионат, а оваа сезона го освои холандскиот куп.

Англиските медиуми објавија дека клучните причини за изборот на Слот за нов тренер на Ливерпул се неговиот напаѓачки стил на игра и неговата способност да развива играчи.

ПредходнаАнчелоти: Ѓулер ќе биде клучен играч на Реал
СледнаМодриќ трет странец според бројот настапи за Реал