дома Спорт Модриќ трет странец според бројот настапи за Реал

Модриќ трет странец според бројот настапи за Реал

4

Модриќ беше дел од победата од 1-0 на гости кај Реал Сосиедад со која Реал е на чекор до освојување на шпанската титула.

За 38-годишниот капитен на хрватската репрезентација тоа беше негов 527. натпревар за „Кралскиот клуб“, со што се израмни на вечната листа со легендарниот бразилски играч Роберто Карлос.

Пред нив се само Бразилецот Марсело со 546 настапи и Французинот Карим Бензема со 648 натпревари.

ПредходнаМедиуми: Ливерпул и Феенорд се договорија, Слот нов тренер на премиерлигашот
СледнаНБА: Минесота прв пат во историјата поведе со 3-0 во плејофот