дома Општество Викторија Димитрова Јованова, дописничка на МИА, ја доби наградата за најдобра сторија...

Викторија Димитрова Јованова, дописничка на МИА, ја доби наградата за најдобра сторија за факти и дезинформации за човековата околина на СЕММ

6

  Новинарката Викторија Димитрова Јованова, дописничка на Медиумската информативна агенција (МИА) од Штип, ја освои наградата за најдобра новинарска сторија на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“, за сторијата „Штипските пожарникари имаат над 70 интервенции по завршување на жетвата“.

Наградата ја доделува Советот за етика во медиумите на Македонија, како активност во проектот „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа: поддршка на новинарството како општо добро“ поддржан од УНЕСКО и Европската Унија.

Сторијата на Јованова се однесува на зачестените интервенции на штипските пожарникари кои се потенцијален ризик од распламтување на големи пожари, а се иницирани од палењето на стрништа.

– Чест ми е што ја добивам оваа награда од еснафот и научната фела. Темата, како што можевте да видите е за стрништата. Меѓутоа поттик и инспирација ми беа штипските пожарникари кои на 40 степени излегуваа летото да интервенираат, додека во меѓувреме се палеа стрништа, рече Јованова на денешното доделување на наградите.

Покрај Јованова, денеска пофалница од СЕММ доби и дописничката на МИА од Кавадарци, Светлана Дарудова, за сторијата „Милионска загуба, отпадот од лозје загадува наместо да се користи за енергија“ 

Фото: МИА

 

ПредходнаССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра
СледнаЕвропскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово