дома Македонија До Собранието не е пристигнат предлогот за разрешување на Коцевски

До Собранието не е пристигнат предлогот за разрешување на Коцевски

До Собранието досега не е пристигнат предлогот од Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Владата вчера на седница го усвои предлогот за разрешување на Коцевски поради, како што изјави владината портпаролка Марија Митева, направени крупни професионални грешки во раководењето со Јавното обвинителство со што била нарушена ефикасноста и функционалноста на ЈО.
– Неовластено изнесување информации, податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за тајноста на постапката согласно закон, нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед, не постапувајќи согласно обврските предвидени со Устав, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, рече Митева.
Предлогот за разрешување на јавниот обвинител, посочи Митева, е врз основа на член 88 став 1 од Законот за Јавно обвинителство, по претходно добиено мислење од страна на Советот на јавни обвинители.
Јавниот обвинител останува на ставот дека неговото разрешување е политичка одлука затоа што нема направено тешка дисциплинска повреда.
– И понатаму ќе работам правилно, законито, чесно така што околу тој дел нема што да кажам. Јас истото го кажав, сепак тоа е политичка одлука. Согласно важечкиот закон, јас треба да сторам тешка дисциплинска повреда. Тоа, Советот на јавни обвинители го констатираше дека од моја страна не е сторена тешка дисциплинска повреда, изјави вчера Љупчо Коцевски

 

ПредходнаСДСМ ќе поднесе резолуција за мигрантите, а најавува и протест
СледнаКривична пријава против поранешниот министер Оливер Спасовски