дома Локално Сончево, со мала до умерена облачност

Сончево, со мала до умерена облачност

  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и претежно тивко време со мала до умерена локална облачност. Во ноќните и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

ПредходнаПротести во Двориште: Македонски шуми и гранична полиција вршат тортура. Дрва сакаме!
СледнаОдрон кај Трпејца, сообраќајот се одвива по една коловозна лента