дома Македонија Политика (Видео)Мицкоски: Љубител сум на убави часовници и немам причина да се срамам,...

(Видео)Мицкоски: Љубител сум на убави часовници и немам причина да се срамам, Со тоа се занимаваат оние од „талогот“ на општеството

„Гледам дека сум тема овие денови на оној мал дел во политичкиот свет кој јас ги нарекувам талог на општеството. Не криев дека сум љубител на убави часовници и дека поседувам во својата колекција. Периодот кој следи транспарентно ќе објавам колку сум платил данок на државата во периодот кога сум работел европски компании и колку дополнително данок сум платил на државата. Немам причина и да се срамам со тоа што сум го работел затоа што сум го работел чесно и достоинствено и нема да дозволам да се извалка името на моето семејство. Никому ништо не должам, и секогаш правам се за интересот на Македонија и така ќе продолжам да работам“, изјави Мицкоски.

 

ПредходнаМуцунски да не манипулира, евроинтеграцијата на Македонија зависи исклучиво од спроведувањето на преземените обврски, реагираат од бугарското МНР
СледнаМицкоски: Целта на синдикатите не е покачување на платите, туку политичка пресметка