Во Националниот парк Шар Планина регистрирани се уште две нови единки од балканскиот рис со што бројот на идентификувани единки се зголеми на пет.
Од Националниот парк информираат дека двете единки се во добра здравствена состојба.
– Имаме нова радосна вест. На нашите трап-камери, на територијата на Паркот, неодамна се регистрирани две нови единки од балкански рис. Истите се забележани при вршење на редовен мониторинг, на делот од територијата кој административно припаѓа на Општина Врапчиште. Со ова, бројот на идентификувани единки од рис се зголемува од 3 на 5.




