дома Македонија Во мај или јуни ќе се знае кој министер ќе биде сменет

Во мај или јуни ќе се знае кој министер ќе биде сменет

Кој министер ќе биде сменет или ќе премине во друго министерство ќе се знае во мај или јуни. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека за тогаш ја планира владината реконструкција.
         Во изјава дадена денеска во Тетово, Мицкоски прашан дали ќе биде разрешен министерот Фатмир Лимани, рече дека во мај или јуни ќе биде познато се.
– Многу од прашањата за време и пред реконструкцијата ќе бидат ставени на маса и ќе разговараме за тоа, рече Мицкоски.
Мицкоски тврди дека имаат многу добра соработка во владината коалиција и не гледа причина за преговори и коалирање со други политички субјекти.

ПредходнаПолицајци менувале матични лекари само за да добијат боледување
СледнаЗаводот за статистика бележи зголемување на просечната нето плата во јануари