дома Македонија Политика ВИДЕО | Држачи на микрофони и прашање министерке дали носите преведувач...

ВИДЕО | Држачи на микрофони и прашање министерке дали носите преведувач ?

Министерката за образование Весна Јаневска   за време на посетата на Тетово беше прашана од новинар дали со неа донела преведувач, на што таа одговори: „Не“.

 

 

„Не ми треба. Не знам кому му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик“, одговори Јаневска.

Министерката заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово Билал Касами, присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово.

 

Ова е втор пат на Јаневска да ѝ биде сугерирано да има со себе преведувач. Минатиот пат, таа рече дека во Македонија има еден службен јазик и не треба да има преведувач.

Несомнено е дека станува збор за фрустрираното политичко лидерство на Тетово, кое  повторно преку инструиран маргинален држач на микрофон ,кој се мисли дека е новинар, поставува евтино пропагандистичко прашање. Ова е тотално непрофесионално , за што изостанува реакција,и новинарска професија  која е атакувана и се повеќе се  става во функција на политичарите или тотална неписменост на тие кои поставуваат тој тип на прашања. Новинарствотo е професија која е во интерес на јавноста, на граѓаните на вистинита информација, а никако во интерес на политичарите, партиите бизнис елитата , моќници и локални шерифи кои се обидуваат преку ваков тип на мегафони, да бидат присутни или уште повеќе да ги управуваат  медиумите и узурпират медиумскиот простор.

ПредходнаБитиќи за Независен> Помалото ДДВ за горивата е само лепење фластер на рана, а не терапија
СледнаA што ќе прави Трамп со Куба?