дома Култура Велики четврток e, почнуваат велигденските празнувања

Велики четврток e, почнуваат велигденските празнувања

Во христијанската традиција, четвртиот ден од Страсната седмица – Велики четврток – е спомен на Тајната вечера.

На оваа вечера, Христос, откако им завешта на своите ученици љубов кон сите луѓе, им рече дека еден од нив ќе го предаде.

Апостолите прашале кој ќе го направи ова. Јуда исто така прашал, но Христос му одговорил толку тивко што другите не сфатиле дека тој е предавникот.

По вечерата, Христос отишол во Гетсиманската градина, каде што се молел сè додека не пристигнал предавникот.

На овој ден, свештениците го носат крстот од олтарот, симболизирајќи го неговото носење од страна на Христос на Голгота. За време на помазанието, секој  кој сака се помазува со масло за здравје.

 

На службата се читаат дванаесетте пасуси од Евангелието кои раскажуваат за Христовите страдања.

 

На Велики Четврток се одбележуваат настаните што се случиле пред да тргне Спасителот на доброволните страданија. Во овој ден си спомнуваме за: Тајната вечера и сè што се случувало тогаш: подготовката, миењето нозе на апостолите, поуката за смирението и братољубието, посочување на предавникот и излегувањето на Јуда од вечерата, востановување на Светата евхаристија, најава за Петровото одрекување, Прошталната беседа на Христа со 11 апостоли, завршувањето на Тајната вечера и излегувањето од Ерусалим кон Елеонската Гора – во Гетсиманската Градина.

+   +   +

Велики Четврток е денот на Тајната вечера. На овој ден се повикуваат верниците на Причест, затоа што на Велики Четврток е востановена Светата причест, на Тајната вечера. Тоа е Празникот на Причеста. Тогаш, од рацете на Господа Исуса Христа, директно ја примиле Причеста светите апостоли и во тој спомен е овој ден на Причеста. И во пофалната песна за Богородица, која се пее на Литургијата (место Достојно…) се повикуваат верниците на Христовата вечера на бесмртната трпеза. А, место Херувимската песна, денес се пее за Тајната вечера, се изобличува Јуда, а се воспева благоразумниот разбојник.

Осветувањето миро се извршува на Литургијата на Велики Четврток. Со осветеното миро се извршува светата тајна миропомазание по кршевањето, се осветуваат цркви и антиминси.

На Велики Четврток пред изггрејсонце  се бојадисуваат велигденски јајца .

Предходна„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA
СледнаДали Трамп ја копира Никсоновата „теорија за лудак“?