дома Локално Дожд и заладување до крај на работната недела

Дожд и заладување до крај на работната недела

Врнежите од дожд ќе продолжат и денеска. Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека пообилни ќе бидат во западните и југоисточните делови од земјава. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец.

Во опаѓање ќе бидат и температурите. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната  од 10 до 15 степени.

Слично време ќе има и во Скопје каде се најавува максимална температура само до 15 степени.

Облачното и нестабилно време со дожд ќе се задржи до четврток кога ќе дува повремено силен северен ветер. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m². Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и петок утринската температура наместа ќе се спушти и под нула.

ПредходнаПред пратениците утре измените на Законот за влада со кои се укинува Пржинската влада
СледнаАмериканските аеродроми се соочуваат со нов хаос поради финансиска криза