дома Локално Облачно и студено, следува потопло време

Облачно и студено, следува потопло време

Променливо облачно, но студено време ќе преовладува денеска во Македонија. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 12 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Утрата ќе бидат посвежи, a во петок наместа се очекува утринската температура да се спушти под нула степени.

 

ПредходнаДимитров до Бугарија: Стратегијата ви е тажна, станавте наш најголем непријател
СледнаЕУ со пакет за итни случаи. Продолжувањето на војната ја турка Европа во рецесија