Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го осуди вооружениот инцидент што се случи за време на вечерата на која присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп.
Муцунски во објава на Икс напиша дека насилството нема место во демократските општества, без разлика дали е насочено кон избрани лидери, јавни службеници, новинари или граѓани.
Шефот на маекедонската дипломатија нагласува дека Македонија стои заедно со Соединетите Американски Држави во заштита на демократијата, јавната безбедност и принципите на кои се темелат слободните општества.




