дома Македонија Општество France Excellence, Конкурсот за македонски студенти е отворен

France Excellence, Конкурсот за македонски студенти е отворен

Францускиот институт во Скопје  известува за годишниот конкурс за стипендии France Excellenceнаменет за македонски студенти кои сакаат да ги продолжат своите студии во Франција на ниво мастер, за академската 2026/2027 година.

Програмата France Excellence претставува можност за млади таленти да се стекнат со диплома на француски високообразовни установи, со финансиска поддршка која ги покрива дел од трошоците поврзани со студиите и престојот.
Покрај финансиската поддршка, стипендистите имаат пристап до низа дополнителни придобивки, вклучувајќи сместување и здравствено осигурување, што го олеснува нивниот престој и интеграција во Франција.

На конкурсот можат да аплицираат кандидати со македонско државјанство, на возраст до 30 години.
Предност ќе имаат кандидати кои планираат студии на француски јазик, особено во областа на природните науки, но ќе се разгледуваат и кандидатури за програми на англиски јазик .

Селекцијата ќе се врши врз основа на  повеќе критериуми, а особено од: досегашниот успех во студиите, мотивацијата на студентот, квалитетот, издржаноста и кохерентноста на планот за студии во Франција и професионалниот проект на студентот.

Краен рок за пријавување: 15 мај 2026 година.

Сите детални информации како и потребни документи за пријавување се достапни на нашиот сајт

ПредходнаСкопската вода за пиење е безбедна, потврдуваат анализите
СледнаПатувате во Грција за продолжениот викенд – Внимавајте, може скапо да ве чини, воведени се нови строги сообраќајни правила