дома Култура Влатко Стефановски со промо на два албума

Влатко Стефановски со промо на два албума

Во четврток, на 7 мај, со почеток во 12 часот, во хотелот Holiday Inn во Скопје, легендарниот гитарист Влатко Стефановски ќе ги претстави своите две најнови албумски  остварувања– Guitar Sings (инструментален албум) и Muscle Memory (нов студиски албум), во организација на дискографската куќа Croatia Records.

Скопската промоција следува по нивното неодамнешно претставување во Сплит, во пресрет на доделувањето на престижната музичка награда „Порин“.
Како еден од најистакнатите гитаристи и автори на регионалната музичка сцена, Влатко Стефановски неодамна беше одликуван во Хрватска со престижната награда Porin Special Merit
Award, како признание за неговиот особен придонес кон хрватската музика.

Предходна„Ова не е правда, ова е формалност“: Реакција на семејствата на загинатите во “Пулс“ за условните казни за полицајците
СледнаВучиќ: Да воведев санкции против Русија, ќе ја предадев душата на Србите