Од денеска до недела ќе се реализира најмасовната еколошка акција во земјава и на Балканот – Генералка викенд.
Акцијата се одржува по шести пат и мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании.
Официјалниот почеток на акцијата е закажан за денеска, а организаторите најавуваат присуство на претседателката на државата, градоначалникот на Град Скопје и министерот за животна средина.




