дома Македонија Економија Трошоците за живот во април на годишно ниво зголемени за 5,7 отсто,...

Трошоците за живот во април на годишно ниво зголемени за 5,7 отсто, а цените на мало за 5,0 отсто

 Трошоците за живот во април 2026 година, во однос на април лани, бележат зголемување од 5,7 %, а цените на мало раст од 5,0 % – објави Државниот завод за статистика.

Трошоците за живот во април на годишно ниво зголемени за 5,7 отсто, а цените на мало за 5,0 отстоИнфлацијата мерена преку индексот на трошоците зса живот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1,3 %.

Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците за живот е забележано во следните групи: Транспорт за 10,1 %, Рекреација, спорт и култура за 1,4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,2 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 %, Облека и обувки, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги и Информации и комуникации за 0,6 %, Ресторани и услуги за сместување за 0,4 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Здравствена заштита и Услуги за образование за 0,3 %.

Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година, во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците за живот во групата Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,2 %.

Трошоците за живот во групата Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и претходниот месец.

Цените на мало во април годинава, пак, во однос на март, забалежале раст од 3,2 %.

ПредходнаИран го изврши најсилниот напад досега врз американските воени бродови во Хормуз
СледнаНародната банка: Годинава инфлација од 4 отсто