дома Македонија Економија Народната банка: Годинава инфлација од 4 отсто

Народната банка: Годинава инфлација од 4 отсто

Народната банка: Годинава инфлација од 4 отсто и раст на БДП од 3,5 отсто

  Инфлација од околу 4 % и раст на бруто-домашниот производ од 3,5 % предвидува Народната банка за 2026 година. За 2027 година проекциите покажуваат дека инфлацијата ќе треба да се  намали на 3 %, а растото на БДП би требало да достигне 3,8 %.

Советот на Народната банка на последната  седница ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во кварталниот извештај.

Во извештајот е заклучено дека светската економија и понатаму се соочува со значителни ризици.  . Главниот извор на неизвесност и натаму се геополитичките конфликти, особено ескалирањето на состојбата на Блискиот Исток, што значително влијае врз цените на примарните производи и трговските текови.

Во однос на домашната економија, најновите макроекономски проекции исто така се потпираат на умерено сценарио, според кое се очекува побрзо завршување на конфликтот, нормализирање на снабдувањето со нафта и постепено намалување на цените во втората половина од годината. Според овие проекции, се очекува дека инфлацијата ќе изнесува околу 4 % во 2026 година, при што стабилизирањето ќе биде побавно во услови на повисоки цени на енергентите и храната. Во наредниот период се очекува постепено намалување на инфлацијата на речиси 3 % во 2027 година и нејзино враќање кон историскиот просек од 2 % на среден рок под влијание на закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка – се вели во соопштението од Народната банка.

Трошоците за живот во април на годишно ниво зголемени за 5,7 отсто, а цените на мало за 5,0 отсто

 

Во вакви услови проекциите за домашната економија упатуваат на умерено, но стабилно економско закрепнување.

ПредходнаТрошоците за живот во април на годишно ниво зголемени за 5,7 отсто, а цените на мало за 5,0 отсто
СледнаСветот брза да ги пронајде туристите кои излегоа од крузерот со хантавирус