Поништена е јавната набавка за електрични автобуси со која требаше да се набават вкупно 150 автобуси.
Министерството за транспорт и врски најавува дека повторно ќе биде објавена јавна набавка согласно законскит прописи во најбрз можен рок.
– Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи. Министерството за транспорт Ве известува дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок, информира Министерството.
Од вкупно 150-те автобус, 100 треба да се наменети за Град Скопје, а 50 за останатите општини.




