дома Локално За продолжениот викенд врнежливо со ветер и грмежи

За продолжениот викенд врнежливо со ветер и грмежи

На повеќе места денеска ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.

И за време на продолжениот викенд ќе биде променливо облачно време со умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

ПредходнаЕвропа има план Б за НАТО
Следна„Крал на север“: Кој е Енди Бернам – потенцијален следен премиер на Велика Британија