дома Македонија Филипче за предлогот до Мицкоски: Каква широка влада, јасно кажав реформи и...

Филипче за предлогот до Мицкоски: Каква широка влада, јасно кажав реформи и европска интеграција

Лидерот на СДСМ Венко Филипче кој вчера од Собранието упати повик до премиерот Христијан Мицкоски заедно да ја сносат одговорноста за уставните измени, денеска го појаснува дадениот предлог. 

Вели дека не станува збор за никаква широка влада или коалиција. 

Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега, вели Филипче.

ПредходнаБаритонот Ристе Велков и неговиот син меѓу загинатите во сообраќајката на скопската обиколница
СледнаУтврдени неправилности кај откупувачи и добавувачи на земјоделски производи