дома Свет Експлозија во Њујорк, едно лице загина

Експлозија во Њујорк, едно лице загина

  Во експлозија на сув док во општина Стејтен Ајленд во Њујорк во петокот загина едно лице, а 36 се повредени, соопштија официјални лица.

 .

Во моментот на експлозијата, пожарникарите веќе биле на местото на настанот. Тие излегле на терен поради дојава за пожар во подрумот, во кој биле заробени двајца работници. Експлозијата се случила додека го гаснеле пожарот и се обидувале да ги извлечат жртвите.

Двајца пожарникари се хоспитализирани, првиот има фрактура на слепоочницата и крварење во мозокот, додека вториот е исто така во сериозна состојба, но покажува знаци на подобрување.

„Ова беше сложена и вонредна ситуација. Екипите за итна помош направија она што секогаш го прават – трчаа кон опасноста за другите да можат да стигнат на безбедно“, изјави градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, пред новинарите.

Детали за убиеното лице не се познати, освен дека станува збор за цивил. Штом пожарот целосно ќе биде изгаснат, ќе започне сеопфатна истрага, рече Мамдани.

ПредходнаЧешкиот претседател: НАТО мора да ѝ покаже заби на Русија
СледнаБyгapиja и Cлoвeниja гo пpeдвoдea пopacтoт нa цeнитe нa дизeлoт вo EУ