Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска одржа прес-конференција за синдикален лидер и обвини дека Синдикатот на УПОЗ трошел пари за синдикални игри во Црна Гора.
Петрушевски на прес-конференцијата рече дека лидерот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски потрошил над 60.000 евра за синдикални игри во Чањ.
– Трпе Деаноски преку синдикатот на УПОЗ организирал луксузни спортски игри, кои траеле 4 дена, но не во Скопје, Охрид, Дојран или Струмица, туку во атрактивното и луксузно туристичко место Чањ, во Црна Гора. На Трпе Деаноски мала му е Македонија и нашите туристички капацитети, па затоа одлучил спортските игри на УПОЗ, кои многупати се одржувале во Македонија, овој пат да ги одржи во Црна Гора и за тоа да потроши над 60.000 евра, изјави Петрушевски.
Синдикатот на УПОЗ е самостојна синдикална организација во рамки на Сојузот на синдикати која одлуките ги носи преку своите органи и тела.




