Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска со предлог до Владата – распишете референдум за ЕУ. На прес-конференција, Филипче рече дека прашањето за иднината на државата ги засега сите граѓани и не смее да се сведе само на дневна политика.
– Ова веќе не е политичко прашање, ова е прашање на сите нас, за секој еден граѓанин, за нашите семејства. Едноставно прашање за нашата иднина. Ова, почитувани граѓани, е референдумско прашање. Не може Христијан Тино Мицкоски да одлучува за нашите судбини, рече Филипче.
Лидерот на СДСМ оцени дека последиците од погрешните политики на власта веќе ги плаќаат граѓаните и токму затоа граѓаните треба да ја донесат конечната одлука.
– Мора граѓаните да одлучат за тоа, затоа што граѓаните, нивните семејства, нивните деца, ќе ја плаќаат цената на овие погрешни политики на Мицкоски. Затоа граѓаните се единствени кои што можат да одлучат за својата судбина. Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена. Сакаме иднина. Распишете референдум, прашајте ги граѓаните, порача Филипче.




