Од утринава во земјава се измерени високи температури кои се очекува во текот на денот да го достигнат 34. степен.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека највисока утринска температура е измерена во Велес (19 степени), а топло е и во Гевгелија, Кавадарци и Скопје каде утринската температура е 17 степени.
Во Виница и Куманово се измерени 16 степени, во Прилеп, Штип, Демир Капија и Струмица 15 степени, во Тетово, Охрид, Претор и Крушево 13 степени, во Битола 12 степени, во Крива Паланка 11 степени… Најниска утринска температура е измерена во Берово – 9 степени.
За денеска попладне се најавува нестабилно време со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.




