дома Локално Сончево со мала облачност

Сончево со мала облачност

  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Утре ќе се задржи стабилно време. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од недела во попладневните часови повторно ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

ПредходнаРуските генерали го лажат Путин со лажни мапи за фронтот во Украина
СледнаНајнов пробив во мировните преговори меѓу Иран и САД