Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер не очекува денес. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно, а во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.




