дома Македонија Софија и Скопје пред нова рунда разговори на високо ниво, Сиљановска и...

Софија и Скопје пред нова рунда разговори на високо ниво, Сиљановска и Јотова седнуваат на тет-а-тет средба

Во Софија денеска се очекува да се одржи билатерална средба на највисоко ниво меѓу претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и нејзината бугарска колешка Илијана Јотова.

Средбата ќе се одржи на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Претседателката Сиљановска-Давкова пред средбата во интервју за „360 степени“ изјави дека нема нерешлив проблем и дека очекува на средбата да се разогвара за сите суштински прашања.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека не знае што ќе има на средбата и каква би била еветуалната содржина, но вели ние имаме план и стратегија.

– Знам кој е нашиот план и која е нашата стратегија и ние одиме кон тој план и таа стратегија. Ние чуда никогаш не сме ветувале, затоа што ние не сме чудотворци. И секој кој што ветува чуда – лаже. Не ја говори вистината пред граѓаните, изјави вчера Мицкоски.

Средбата Давкова – Јотова се одржува во спефицичен момент кога пред само една недела во Тиват се одржа Самит ЕУ-Западен Балкан на кој беше презентиран нон-пејперот на Франција и Германија за постепена интеграција.

Со Сиљановска-Давкова во Софија треба да патува и шефот на македонската дипломатија, но засега средба на министерско ниво во Софија не е договорена.  Претходно двајцара министри одржаа средба во Шведска и тоа беше прва средба по изборот на новата бугарска влада предводена од Румен Радев.

ПредходнаБројот на жртви на Филипините се искачи на 45, 17 се водат како исчезнати
СледнаПред пратениците Предлог-законот за игри на среќа, надвор од Собранието изјава на засегнатите страни