Уставните измени се само почеток на процесот со кој се отвораат дополнителни и суштински барања поврзани со македонскиот идентитет, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по вчерашната средба во Софија меѓу претседателките на Македонија и Бугарија.

– Македонските граѓани мора да знаат дека барањата не се само промена на Уставот и дел од бугарската заедница во преамбулата. Тоа е само почетокот. Само ја отвораме Пандорината кутија. Следи акцискиот план, следи работата на историската комисија, следи Протоколот 2, каде работата на историската комисија е само едно од барањата. Таму имаат можеби петнаесетина нови барања коишто ние како држава треба да ги исполниме. Така што, нема ништо различно тоа што денеска го слушаме, тоа што го слушаме во континуитет од тоа што, за жал, претходната влада го прифати во 2022 година“, изјави Мицкоски.
Останува оптимист и посочува дека она што е разговарано на неговата средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускит претседател Емануел Макрон сосема се разликува од она што е разговарано на вчерашниот состанок на претседатеката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарската колешка Илијана Јотова во Софија.




