дома Македонија Јакимовски на 2 јули треба да оди на издржување на казната затвор

Јакимовски на 2 јули треба да оди на издржување на казната затвор

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули треба да влезе во затворот „Скопје” во Шуто Оризари.

– Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година, соопшти Кривичниот суд.

Јакимовски по одлуката на Апелација е осуден на една година затвор за изградба на општинската зграда.

Во казната му се пресметува и времето од пет месеци кое го помина во притвор. Во затворот во Шуто Оризари треба да издржи уште седум месеци од казната.

ПредходнаМицкоски: Со уставните измени ја отвораме Пандорината кутија
СледнаМелони: ЕУ треба да назначи еден претставник за преговори со Русија