Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. 
Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите. Како Влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран.
Запалени возила пред Бугарската амбасада, Владата со реакција
Државата има капацитет и ќе одговори со целосна сила на институциите и нема да дозволиме поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија.
Очекуваме брза и ефикасна истрага, целосно расветлување на настанот и соодветна кривична одговорност за сторителите.
Владата останува цврсто посветена на заштитата на сите граѓани и дипломатски мисии во земјата и на зачувувањето на стабилноста, безбедноста и добрососедските односи.
Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево потврди дека двете опожарени дипломатски возила се сопственост на бугарската амбасада.
„Денеска во 12:13 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата ’Златко Шнајдер’, пред Амбасадата на Република Бугарија, настанал пожар во две патнички возила“,
Полициските службеници излегле на местото и констатирано е дека делумно биле опожарени патничко возило „киа“ и патничко возило „сузуки“, сопственост на амбасадата.
Во пожарот нема повредени лица, а тој бил изгаснат и се преземаат мерки за расчистување на случајот.





