дома Македонија Обвинителството бара притвор за скопјанецот кој ги опожари возилата пред Бугарската амбасада

Обвинителството бара притвор за скопјанецот кој ги опожари возилата пред Бугарската амбасада

Притвор се бара за 44-годишниот скопјанец кој ги запали двете возила на Бугарската амбасада.

Обвинителството попладнево соопшти дека осомничениот се товари за кривично дело „предизвикување општа опасност’ што е казниво согласно член 288 став од Кривичниот законик.

– На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот, информира Обвинителството.

Инцидентот го осуди Владата која побара брза реакција и пронаоѓање на сторителот кој потоа за кратко време е идентификуван и приведен од страна на Министерството за внатрешни работи.

Опожарувањето на двете дипломатски возила наиде и на реакции во Бугарија.

ПредходнаПетровска по цели 3 години до вистината : Апелација потврди дека Ковачки ме клеветел за „хациендата со базен“
СледнаПотпишан грант со Светска банка: Започнуваат подготовките за новата гасна централа во РЕК Битола од 200 милиони евра