дома Македонија Политика Патот на Скопје кон ЕУ: Северна Македонија под лупа за тоа како...

Патот на Скопје кон ЕУ: Северна Македонија под лупа за тоа како ги прекршила

 Бугарските медиуми го врзуваат вчерашниот инцидент пред бугарската амбасада во Скопје со извештајот на  ЕУ за напредокот, иако МВР експресно го реши случајот и го уапси пироманот.

Европскиот парламент во Стразбур денес ќе дебатира и утре ќе гласа за извештајот за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон Европската Унија , објави БНТ. 

 Во извештајот, кој беше усвоен на почетокот на месецот во Комитетот за надворешни работи, европратениците предупредуваат дека напредокот на Република Северна Македонија е недоволен, особено во однос на владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата.

Тие го потсетуваат Скопје дека мора да ги усвои потребните уставни амандмани за да ги отвори првите поглавја од преговорите. Скопје не може да ги отвори поради неподготвеноста на владејачката партија да го промени уставот на земјата и да ги вклучи Бугарите во него.

НАтаму теи посочуваат дека себатата во Европскиот парламент се одржува еден ден откако два дипломатски автомобили на бугарската амбасада беа запалени во Скопјe .

Видео: Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Вчера, министерката за надворешни работи Велислава Петрова разговараше телефонски со нејзиниот колега од Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски. Тој ја информираше Петрова дека надлежните институции преземаат мерки за целосно расветлување на случајот , утврдување на сите околности и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Потсетуваат и на претседателката Илијана Јотова која  во врска со палењето изјави дека ова не е обично кривично дело, туку неприфатлив напад врз дипломатска мисија. 

Владата со најостра осуда за запалените возила пред бугарската амбасада и бара максимално санкционирање

ПредходнаГолем украински напад: Најголемата рафинерија во Москва е во пламен
Следна„Генералка викенд“: Обединети 70.688 учесници, собрани 684.777 килограми отпад