дома Локално Попладне дожд и ветер, од утре повторна стабилизација на времето

Попладне дожд и ветер, од утре повторна стабилизација на времето

Променливо облачно и топло ќе биде претпладне, а попладне се најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се очекува пообилен пороен дожд со услови за град.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а дневните од 25 до 31 степен.

Во Скопје, попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Од утре до почетокот на следната недела времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец.

ПредходнаРусија: Забрана за влез за 103 Канаѓани кои работат на дискредитација на Русија
СледнаАеродромот во Вашингтон ќе ги прекине операциите поголемиот дел од 4 јули