Оружје и муниција се пронајдени во дом на охриѓанец. Приведен е 37-годишен охриѓанец со иницијали Д.А.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар и две најлонски ќеси со барут кои нелегално ги поседувал, информира Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.




