дома Бизнис ЕУ го вклучува рачниот багаж во цената на авионскиот билет, нема веќе...

ЕУ го вклучува рачниот багаж во цената на авионскиот билет, нема веќе манипулации на компаниите

Новите правила треба да стават крај на нејасните доплати за кабински багаж и да ја направат цената на авионските билети потранспарентна уште при резервација.
 

 

Патниците во ЕУ и понатаму ќе имаат право на надомест ако летот им доцни најмалку три часа, а рачниот багаж ќе мора да биде вклучен во основната цена на билетот.

По повеќе од една деценија преговори, европските институции постигнаа договор за измени на правилата за заштита на авионските патници, со кои се задржуваат постојните права за обештетување и се воведува поголема транспарентност при купување билети.

Ова значи дека авиокомпаниите, туристичките посредници и платформите за продажба ќе мора уште на почетокот јасно да ја прикажуваат конечната цена на билетот, без дополнителни и нејасни трошоци за рачен багаж.

Според новите правила, патниците ќе имаат право бесплатно да внесат еден личен предмет со димензии до 40 x 30 x 15 сантиметри, како и мал кабински куфер или ранец.

Надоместот за доцнење останува на сила: за летови подолги од 3.500 километри ќе се исплаќаат 300 евра, а сумата може да достигне 600 евра ако доцнењето надмине четири часа или ако летот биде откажан.

Регулативата треба да почне да се применува во 2027 година, кога авиокомпаниите ќе бидат обврзани во основната цена да вклучат мал личен предмет и стандарден рачен багаж.

Предходна„Поетско ехо на Сопиште“ повторно ги обединува љубителите на поезијата и традицијата
СледнаНикој не го прави тоа како Милчо Манчевски