дома Македонија Црна хроника АКЦИЈА ! Внимавајте, денеска започнува лов на пијани и возачи без дозвола...

АКЦИЈА ! Внимавајте, денеска започнува лов на пијани и возачи без дозвола во Македонија

Во периодот од 15 до 21 јуни, во рамки на европската акција на ROADPOL, Министерството за внатрешни работи, преку полициските станици за безбедност на сообраќајот на патиштата, спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол или наркотични средства.

Како дел од акцијата, на 19 јуни на територијата на целата држава ќе биде реализиран 24-часовен сообраќаен маратон, со целосно засилено присуство на полициски патроли и интензивни контроли за откривање на ваков вид прекршоци.

Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност. Затоа апелираме до сите учесници во сообраќајот да не седнуваат зад волан доколку консумирале алкохол или наркотични средства. Една неодговорна одлука може да има трајни последици, додека одговорното однесување спасува животи и придонесува за побезбедни патишта за сите.

ПредходнаПриливот на бегалци во Европа запре по 10 години раст
СледнаЕпски спектакл или Културен земјотрес со над 200 уметници од три држави на отворено во Скопје