дома Локално Продолжува периодот на сончево и топло време

Продолжува периодот на сончево и топло време

Продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува и ветер од северен правец.

Утринските температури ќе бидат во интервал од 7 до 16, а дневните од 27 до 33 степени.

Ваквото време ќе се задржи до средина на следната недела. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата.

ПредходнаВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на средба во сабота, ЗНАМ задоволни од работата на нивните функционери
СледнаЕвропската Унија ги продолжува економските санкции кон Русија