дома Македонија Јавна расправа и соочување на аргументите за Предлог-законот за игри на среќа

Јавна расправа и соочување на аргументите за Предлог-законот за игри на среќа

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет за денеска е закажана јавната расправа за Предлог-законот за игри на среќа.

Почетокот е закажан во 10:30 часот, а на јавната расправа се очекува засегнатите страни да ги изнесат своите забелешки.

ВМРО-ДПМНЕ во средата ја повика претседателката на Комисијата за финансирање и буџет од редовите на СДСМ да ја закаже јавната расправа обвинувајќи ја СДСМ за опструкција.

– Иако бараа јавна расправа за Законот за приредување на игри на среќа, сега сакаат да ја опструираат, не закажувајќи ја јавната расправа. На нивно барање, поддржавме јавна расправа на која експерти од фелата ќе го кажат своето мислење дали се за или против законот, како и нивните ставови во однос на членовите кои што ги содржи тој закон. Во моменти кога сакаме да регулираме цела една индустрија, се јавуваат СДСМ со нивната опструкција и упорно не сакаат да ја закажат јавната расправа, на која што, повторно кажувам, сите засегнати страни ќе можат да го кажат своето мислење. Зошто? Нека кажат самите, изјави Бојан Стојаноски на прес-конференција во Собранието.

Јавна расправа побараа и асоцијациите на приредувачи на игри на среќа кои реагираа на ваквото законско решение кое според нив ќе остави без работи околу 10.000 вработени и ќе го поттикне нелегалното организирање на игри на среќа.

– Барањето е согласно член 129 став 2 од собранискиот Деловник, Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело да ја организира јавната расправа. Примената на ваквата демократска алатка ќе овозможи претставници на асоцијациите и на вработените во легалните објекти да ја споделат со пратениците сопствената експертиза и професионалното искуство. Сметаме дека е неопходно во законодавниот дом да ги соочиме аргументите и, најважно од сè,’ јавноста да добие точна претстава за тоа какви штетни последици ќе предизвика усвојувањето на овој предлог закон, посочија од АПИС и АСОМ.

Со новиот закон се воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции за рекламирање и засилени механизми за контрола.

Носењето на законот, власта го правда со потребата од спречување на сивата економија во областа на игрите на среќа, стекнување на сигурност и доверба кај учесниците во игрите на среќа и нивна заштита (пред сè на младата популација), заштита на приредувачите особено од нелојалната конкуренција, легализација и контрола на паричните текови во оваа област и остварувањето на интересот на државата.

 

 

ПредходнаКуба, се збогува со Кастро, таа презема чекори за отворање на економијата Хина
СледнаЏеј Ди Венс нема да лета за Швајцарија