дома Локално Уште денес променливо време, утре и задутре дожд

Уште денес променливо време, утре и задутре дожд

Синоптичарите за денес најавуваат сончево време со мала до умерена облачност претпладне, а веќе попладне нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната од 29 до 38 степени.

Во Скопје, слично време со утринска температура до 17 и дневна до 35 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

ПредходнаУапсен Македонец кој убил жена во Грција па го закопал телото во нива
СледнаНедела на италијанскиот филм под мотото „Љубовта во сите нејзини облици“