Властите во Србија уапсија 42-годишен маж под сомнение дека споделувал закани на социјалните мрежи против претседателот на земјата Александар Вучиќ и неговото семејство, членови на владата и полицајци, објави Б92.

По наредба на Специјалниот оддел за борба против високотехнолошки криминал при Врховното обвинителство во Белград, учествуваа службеници од Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против тероризмот .
На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде однесен во надлежното обвинителство со кривична пријава.
Антивладините протести започнаа откако се урна тенда на железничка станица во северниот српски град Нови Сад на 1 ноември 2024 година. Демонстрантите, опозициските лидери и активистите за човекови права велат дека тоа се должи на лошо управување.
Новинарите на удар ! Уредникот на агенцијата Бета повикан на информативен разговор од полиција
Вучиќ и неговите сојузници ги негираат обвинувањата за корупција и репресија врз критичарите и велат дека презеле мерки за казнување на одговорните за уривањето на покривот.
Војниот аналитичар Александар Радиќ е на слобода, обвинителството одлучи да не предложи притвор
Белград ги обвинува демонстрантите за обиди за дестабилизација.




