Здружението „Анима мунди“ објави видео од живеалиштето на белите волци во Скопската зоолошка градина, од кое може да се види дека оградата била од метални жици, а на долниот бил поставен текстилен материјал зацврстен со еден камен.
Ваквата ограда, според „Анима мунди“ не остава впечаток дека волците биле на безбедно и отвара сериозни сонмежи дека ЗОО ги обезбедила минималните стандарди за спречување на бегство.
– Ако ова е заштитата на живеалиштето на волците, тогаш имаме сериозен проблем. Оградата што се гледа на снимката не остава впечаток на безбеден систем соодветен за чување диви животни. Напротив, отвара сериозни сомнежи даи воопшто биле обезбедени минималните стандарди за заштита и спречување на бегство. Под ваква ограда бега куче со 15 минути копање, а не пак волк. Безбедноста на дивите животни не смее да се обезбедува со импровизација. Не смее да зависи од среќа. И не смее да се правда со молк. Не е вина само на сегашниот директор, ова вака опстојува во континуитет, велат од Анима мунди.
Информацијата дека побегнале бели волци од живеалиштето во Скопската ЗОО и нападнале кенгури и ему птици предизвика реакции во јавноста. Дел од здруженијата за заштита на животни побараа затворање на скопската ЗОО.Засега мочк од скопската ЗОО.




