Жител на Кочани е приведен затоа што возел без возачка дозвола, а во неговото возило била пронајдена поголема количина на брендирана облека.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во зилото на 37-годишниот Р.А. пронајдени се 1.848 парчиња брендирани маици, тренерки, шорцеви и дуксери.
– При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола, а при преглед на возилото биле пронајдени 1.848 парчиња брендирана роба (маици, тренерки, шорцеви и дуксери). Лицето било лишено од слобода поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 297-а и член 285 од Кривичниот законик и било предадено во Полициската станица од општа надлежност Кочани за понатамошна постапка, информира МВР.




