дома Македонија Политика Македонија и Албанија денеска потпишуваат договор за заеднички гранични премини

Македонија и Албанија денеска потпишуваат договор за заеднички гранични премини

Оваа информација ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамки на презентацијата на отчетот за сработеното во изминатиот период.

Министерот Тошковски во својата изјава потенцираше:

„Денеска потпишуваме договор со Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини. Со ова го заокружуваме системот One Stop со сите соседни земји надвор од Шенген зоната, по премините со Србија и Косово“

Од Секторот за внатрешни работи Охрид информираат дека потпишувањето на официјалниот документ е предвидено за 14 часот, а за локација е избран граничниот премин Блато.

Договорот со кој се предвидува спроведување на заеднички гранични контроли меѓу двете држави ќе го потпишат македонскиот министер Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Љамалари.

Веднаш по завршувањето на официјалната процедура за потпишување, предвидено е двајцата министри да дадат изјави за медиумите.

 

ПредходнаДимитриевски: Во вторник ќе го имаме конечниот епилог за владината реконструкција
СледнаГори во Гази Баба и Липково