дома Граѓански Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Девет еколошки организации од Југоисточниот регион и од други делови на државата упатија заедничко барање до Владата со кое бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука, оценувајќи дека тоа е единствено прифатливо решение. Заедничкиот став бил усвоен на состанок одржан во Струмица на 27 јуни, на кој организациите побарале Владата, на седница на која ќе се разгледува состојбата со концесиите на компанијата „Еуромакс Рисорсис“, да донесе одлука за нивно поништување, а не за враќање на предметот во повторна постапка, сумира Telma TV.

Во барањето се наведува дека во изминатите десет години граѓаните во повеќе наврати јавно го изразиле своето противење на отворањето на рудникот и дека Владата располага со правни механизми и јавна поддршка за конечно затворање на ова прашање. Потписниците оценуваат дека проектот Иловица-Штука претставува закана за животната средина и здравјето на граѓаните, не само во Струмичката Котлина, туку и пошироко во државата.

  • Време е Владата да покаже дали ќе ја брани државата или криминалните концесии. Дали ќе застане зад граѓаните од кои го добива и своето право на одлучување и ЛЕГИТИМИТЕТ, или зад инвеститорите и рударското лоби. Дали ќе застане на страната на правото или на страната на моќта, корупцијата, кусогледоста и крупниот капитал. Дали ќе носи одлуки во име на иднината или во име на краткорочна добивка за малкумина. Дали ќе ја зачува земјата за идните генерации или ќе одлучи да ја жртвува за моментален профит.

Еколошките организации нагласуваат дека нивната единствена цел е запирање на проектот Иловица-Штука и упатуваат повик до сите еколошки и граѓански организации, како и до граѓаните, без разлика на политичката определба, да го поддржат нивното барање. Од Владата очекуваат, како што наведуваат, да донесе конечна одлука во интерес на јавноста и идните генерации.

ПредходнаПочина Марјан Јованов – Мане, поранешен претседател на Одбојкарската федерација на Македонија
СледнаПукање во дом за деца во Германија, најмалку 5 мртви